Делта Му Делта Пи Алфа: Конструктивен дијалог и инклузија на перспективи на различни  генерации како основа за личен и професионален просперитет

Делта Му Делта Пи Алфа: Конструктивен дијалог и инклузија на перспективи на различни генерации како основа за личен и професионален просперитет

Отворениот дијалог, безбедната средина и вклучувањето претставници од различни генерации, институции и сектори е она што синтетизира заклучоци и излезни решенија во несекојдневните предизвици со кои се соочуваме во оваа глобална економска криза, беше заклучокот на вчерашната дискусија на тема „Предизвиците на светската економија и нивните ефекти врз економијата на Република Северна Македонија“, во организација на Делта Му Делта Пи Алфа – Скопје.

Со осврт на макроекономската ситуација и дискусија за можни поинакви перспективи на делување во насока на намалување на ефектите од истата, проф. д-р Глигор Бишев, поранешен заменик на гувернерот на НБРСМ и претседател на управните одбори на Стопанска банка А.Д. Скопје и Шпаркасе банка А.Д. Скопје, говореше за актуелните состојби и движења во светската економија предизвикани од геополитичките поместувања во светот. Со посебен акцент на предизвиците со кои се соочува и македонската економија, Бишев ги посочи проблемите на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, електрична енергија и прехранбени производи, инфлацијата, и сл.

Како почесен член на Делта Му Делта ПА, Бишев пред останатите членови ги изложи своите видувања и насоки за потребите од преземање соодветни мерки од надлежните институции во земјата, со цел спречување и намалување на сегашните предизвици на економската сцена.

Овој настан овозможи отворање контруктивна дебата и размена на гледишта меѓу членовите на Делта му Делта Пи Алфа, како и на останатите присутни на настанот во врска со економските случувања во земјата и во светот. На ваков начин, се зајакна нивното меѓусебно инспирирање и поттикнување во напорите за соочување со актуелната економска криза, како и нивно меѓусебно вмрежување, што покажа дека Делта Му Делта е одлична организација која овозможува отворена размена на мислења со цел меѓусебна поддршка на членовите во нивното дејствување во сите општествени полиња, а посебно во полето на бизнисот”, изјави проф. д-р. Неновски, Претседател на Делта Му Делта Пи Алфа – Скопје.

Замислата на Делта Му Делта ПА е да организира што поголем број настани од ваков тип, каде што ќе се дискутира на актуелни економски и бизнис теми што го засегаат општеството во најгорливите и најприоритетните аспекти на неготово функционирање и на кои сите членови ќе имаат можност да разменат мислење со афирмирани соговорници.

 

ЗА ДМД

Делта Му Делта претставува меѓународна мрежа во која членуваат студенти на студии во областа на бизнисот кои покажале одлични резултати во текот на своето високо образование, како и професионалци со значителен успех во кариерата и личен интегритет, кои имаат видлив придонес во општествените промени. Делта Му Делта е основано од деканот од Универзитетот Харвард и четворица професори од Универзитетот Јеил и Универзитетот во Њујорк во 1913 година.

Како единствен меѓународно акредитиран универзитет во Република Северна Македонија со акредитација стекната од страна на Советот за акредитација на бизнис факултети и програми (АЦБСП) од САД, и по исполнувањето на строгите критериуми за членство, Универзитет Американ Колеџ Скопје во 2016 година основа огранок на Делта Му Делта во Македонија, под назив Делта Му Делта Пи Алфа – Скопје.

_______________________________________________________________________________________________________________

We would like to inform you that on July 7th, 2022, starting at 6PM, on the premises of the University American College Skopje, a fireside chat will be held on the topic ” Major Challenges in the Global Economy and Their Effects Over the Macedonian Economy”, by prof. Dr. Gligor Bishev, former Vice Governor of the National Bank of the Republic of North Macedonia (NBRSM) and Chairman of the management boards of Stopanska banka A.D. Skopje and Sparkasse Bank A.D. Skopje. The organizer of the event is Delta Mu Delta Pi Apha, international business honor society at University American College Skopje.

Dr. Bishev will cover the current situation and trends in the world economy caused by the shifts in the global geopolitical landscape, especially by the ongoing conflict in the Republic of Ukraine. At the same time, he will refer to the effects that such challenges have on the Macedonian economy, mainly regarding the supply of oil and oil derivatives, electricity and food products, inflation, etc.

At the event, Dr. Bishev is expected to state his viewpoints and opinion about the appropriate measures that need to be taken by the competent local organizations and institutions in order to tackle the issue of inflation, as well as to timely provide the necessary oil reserves and oil derivatives, electricity, food products etc., avoiding their shortage in the upcoming period.

Inspiring a debate and exchanging opinions among the members of Delta Mu Delta Pi Alpha and the other attendees regarding the global and local economic developments, this discussion will serve as an excellent opportunity for these challenges to be jointly reflected and examined, helping each other in various spheres, especially in the field of business.

Delta Mu Delta is an international network of business students who have demonstrated significant results during their higher education, as well as professionals with remarkable career success and personal integrity who have made a positive Social Change Impact.

As the only internationally accredited university in the Republic of North Macedonia with accreditation acquired by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (ACBSP) from the USA, and after meeting strict criteria for membership, the University American College Skopje founded a branch of Delta Mu Delta International Business Honor Society in 2016 in North Macedonia, under the name Delta Mu Delta – Pi Alpha. Delta Mu Delta International Honor Society in Business was founded by the Dean from Harvard University and four professors from Yale University and New York University in 1913.

We kindly invite you to attend this important event. Delta mu Delta Pi Alpha will much appreciate for sharing this information with the others.