Денови на финансиска писменост – “Импактот од Ковид кризата и потребата од итна реакција за економско опоравување“

Денови на финансиска писменост – “Импактот од Ковид кризата и потребата од итна реакција за економско опоравување“

Драги студенти,
Министерството за финансии во рамки на Координативното тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија, заедно со Народна банка на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, организира „Денови на финансиска писменост” – јавен настан кој има за цел подигнување на нивото и општата свест за значењето на финансиската писменост.
Во рамките на овие денови, заменик министерот за финансии, проф. д-р Димитар Ковачевски, на 27 Ноември, петок, со почеток во 10 часот ќе одржи предавање на студентите од Универзитетот Американ Колеџ Скопје на тема „Импактот од Ковид кризата и потребата од итна реакција за економско опоравување“.
Линк до настанот:
https://uacs.webex.com/uacs/j.php…