Докторски студии по право
Докторските студии по право (правни науки) ќе ви понудат теоретско знаење и вештини за успешна кариера вo сферата на правото и правните науки. Преку оваа програма ќе стекнете способност за критичка анализа, оценување и синтеза на постојната правна регулатива од различни области. Исто така, ќе имате можност да се вклучите и дадете придонес во истражувачки мрежи и научни проекти и да стекнете вештини за продлабочена анализа на правото и решавање правни проблеми.
Оваа програма е наменета за кандидати што имаат интерес за продлабочување на своите познавања и образование од областа на правото. Тоа вклучува, пред сè, магистри по право, бизнис, менаџмент и економија, како и судии и професионалци од различни нивоа на судскиот систем, адвокати, нотари, извршители и други правници и професионалци од големи компании.
- Единствена програма што комбинира истражување и правна практика
- Курикулум што обединува различни домени на правото
- Можност за вклучување во истражувачки мрежи и проекти
Општи модули во првиот семестар, кои важат за секоја докторска програма, се следните:
КОД | Модул | Наставник |
DOCT 7001 | Методологија на научно-истражувачка работа – докторско ниво | Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски |
DOCT 7002 | Анализа на податоци | Проф. д-р Марјан Петрески |
Изборни предмети (се избира еден) | ||
DOCT 7003 | Квалитативни истражувања и студии на случај | Вон. проф. д-р Иван Додовски |
DOCT 7004 | Информатичка технологија и истражување | Вон. проф. д-р Адријан Божиновски |
Тематските модули за оваа програма се:
Код | Модул | Наставник |
DLAW 7110 | Напредно компаниско право | Вон. проф. д-р Марко Андонов |
Изборни предмети (се избираат 2) | ||
DLAW 7210 | Трудово право и социјално осигурување–докторско ниво | Вон.проф. д-р Зоран Михајлоски |
DLAW 7211 | Теории на казненото право | Вон. проф.д-р Душко Стојановски |
DLAW 7212 | Основни теории на граѓанското субјективн оправо | Вон.проф. д-р Кимо Чавдар |
DLAW 7213 | Меѓународно еколошко право | Проф.д-р Зоран Шапуриќ |
Координатори на програмата
Д-р Зоран Михајлоски
Д-р Марко Андонов