Факултет за деловна економија и организациони науки
Додипломски студии – Насока: Маркетинг
Зошто ФДЕИОН е најдобар факултет за бизнис и економија во Република Македонија ?
- ФДЕИОН при УАКС е единствениот меѓународно акредитиран факултет во Република Македонија
- ФДЕИОН при УАКС има одлични наставници
- ФДЕИОН при УАКС ја применува најсовремената филозофија во наставата
- Сите програми кои ги нуди ФДЕИОН се акредитирани и од Советот за акредитација на бизнис факултети и програми од САД – ACBSP (Accreditation Council for Business Schools
- and Programs).
Факултетот за деловна економија и организациони науки (ФДЕИОН) при УАКС има преку 30 наставници кои се дел од академскиот кадар. Преку синтеза на нивното знаење и експертиза, на студентите им се нуди единствена можност да учат од најдобрите. Студентите на ФДЕИОН се поттикнуваат да размислуваатво насока на разрешување на најразлични проблеми од теоријата и практичната област. Знаењето и искуството на кадарот на ФДЕИОН им овозможува на студентите сеопфатен поглед на професијата и материјата која ја изучуваат. Освен тоа, ФДЕИОН во наставата вклучува и визитинг професори од САД или ЕУ, кои го збогатуваат знаењето на студентите со меѓународно искуство.
Насоката маркетинг им нуди на студентите знаење,разбирање и примена на современите маркетиншки принципи и стратегии. Студентите се оспособуваат да развијат маркетинг планови и стратегија, да дизајнираат рекламна кампања, да стекнат продажни вештини, знаења за однесување со потрошувачите, како и знаења во областа на градење врски и односи со клиентите.
Нашите наставници се истакнати стручњаци. Повеќето од нив се експерти со значителни достигнувања во својата област, кои својата експертиза ја надградиле со академски титули и одлучиле своето знаење да им го пренесат на идните генерации. Дел од академскиот кадар при ФДЕИОН го сочинуваат:
- Вон. проф. д-р Илијана Петровска (маркетинг оддели на финансиски организации)
- Проф. Ирена Николовска предава на Универзитетот Бари во Мајами ,Флорида
- Д-р Љупчо Ефремов , главен истражувач во ГФК.
Повеќемина наставници на ФДЕИОН своето образование или дел од него го стекнале на високо-рангирани меѓународни универзитети, и притоа тие применуваат меѓународни стандарди и практики во своето работење.Шеснаесет од нашите наставници поседуваат сертификат за користење на партиципативните методи (Participant-Centered Learning methods) за време на наставниот процес, и истите потекнуваат од Харвард бизнис-школата (Harvard Business School – HBS).
Горди сме на фактот што наставата на додипломски студии на ФДЕИОН при УАКС ја изведуваат наставници по клиничка настава. Повеќето од нив се главни извршни директори, додека другите се еминентни експерти во соодветната област. Дел од наставниците по клиничка настава на ФДЕИОН се:
- Доц. Д-р Димитар Ковачевски(Извршен директор на секторот за корпоративни комуникации во Македонски Телеком АД Скопје);
- Доц. Д-р Филип Ивановски(Главен извршен директор на Пакомак);
- Д-р Ангелка Пеева Лауренчиќ (Директор на Имиџ ПР);
Она што нè прави различни од останатите универзитети во регионот е тоа што ФДЕИОН при УАКС овозможува меѓународно образование по достапна цена на школарина.
Дел од меѓународните визитинг професори наУАКС се:
- Проф. Герхард Васенберг, предава на Универзитетот во Ахен, Германија
- Проф. Николас Кфури, предава на Националниот Универзитет во Кордоба, Аргентина.
Нашите наставници се врвни научници и истражувачи: индексот трудови/ професор на престижниот индекс Web of Science – Journal Citation Reports за ФДЕИОН изнесува 0.36, што претставува исклучително висок индикатор.
Соодносот студент/наставник на ФДЕИОН изнесува 18:1 – сооднос кој овозможува индивидуална работа со студентите..
Не треба да научиме само „ШТО“.Треба да научиме и „КАКО“!
Покрај учење теорија и факти, нашата цел е да го примениме стекнатото знаење и практични вештини. Покрај предавањата, применуваме најсовремени наставни алатки, како што се:
- Студии на случај;
- Толкување улоги;
- Решавање на практични проблеми;
- Индивидуални и тимски проекти во реални компании (истражување на пазарот,изготвување на маркетинг план, финансиска анализа, мерење на задоволството на вработените од работното место и др.)
- Симулации од Харвард бизнис-школата и Македонската берза.
КАДЕ СЕ ВРАБОТЕНИ НЕКОИ ОД СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ ЗАВРШИЛЕ СВОИТЕ СТУДИИ НА ФДЕИОН?
- ТТК Банка а.д. Скопје,
- Стопанска банка а.д. Скопје,
- Триглав Осигурување а.д. Скопје,
- Капитал МедиаГруп,
- Институт за професионален развој – Леорон,
- Влада на Република Македонија, Град Скопје и други.
АКАДЕМСКА ПРОГРАМА
Маркетинг
I Година
Задолжителни предмети
- Вовед во менаџмент
- Вовед во микроекономија
- Бизнис математика
- Основи на сметководство
- Вовед во маркетинг
- Академско пишување 1
- Практична настава
Изборни предмети во програмата – студентите можат да изберат два предмети од следните
Изборни предмети на ниво на универзитет– студентите можат да изберат два предмети од следните
II Година
Задолжителни предмети
- Статистик за бизнис
- Вовед во макроекономија
- Вовед во организациско однесување
- Деловна комуникација
- Однесување на потрошувачите
- Маркетинг истражување
- Практична настава
Изборни предмети во насока Менаџмент студентите можат да изберат 3 предмети од следните
- Вовед во менаџмент на човечки ресурси
- Меѓунроден менаџмент и глобализација
- Вовед во електронски бизнис
- Јавни финансии
- Економија на Европска Унија
- Бизнис етика
Изборни предмети во насока Менаџмент студентите можат да изберат предмет од следните
III Година
Задолжителни предмети
- Деловно планирање
- Корпоративни финансии
- Маркетинг менаџмент
- Политика на развој на производ
- Маркетинг комуникација и медиуми
- Продажен менаџмент
- Практична настава и проект
Изборни предмети во насока Менаџмент студентите можат да изберат 2 предмети од следните:
- Претприемништво
- Облигационо право
- Мултимедија во рекламирање
- Интернет и дигитални маркетинг комуникации