Платена пракса за студентите на УАКС во Џонсон Мети

Платена пракса за студентите на УАКС во Џонсон Мети

Почитувани студенти,

Џонсон Мети од Скопје има потреба од практикант/и во одделот за човечки ресурси. Може да аплицираат студенти од Факултетот за деловна економија, странски јазици, правни науки, конретно за во одделот за човечки ресурси.

Праксата е платена, и сите трошоци околу превоз и храна се покриени.  Праксата е со времетраење од минимум три – максимум шест месеци. Самата пракса е структуирана со ментор за целиот период, со соодветен план за месеците за кој е ангажманот, нуди многу можности за учење, професионална надградба и сл.

Сите заинтересирани студенти од додипломски или постдипломски студии, да достават биографија на mkjobs@matthey.com со назнака за пракса во одделот за човечки ресурси.

Со среќа.