Факултет за компјутерска техника и информатика
Постдипломски студии – Насока: Софтверско инженерство
Што го прави ФКТИ водечки факултет во Р. Македонија?
Факултет за компјутерска техника и информатика (ФКТИ) е еден од водечките за информатичка технологија во Р. Македонија. Наставата се одвива на англиски јазик.
Факултет за компјутерска техника и информатика ви нуди две насоки:
- Софтверско инженерство
- Менаџмент на информациски системи
Единствено во Македонија – насоката Менаџмент на информациски системи е акредитирана од Советот за акредитаија на бизнис факултети и програми (ACBSP)
- ФКТИ го зазема првото место во Р. Македонија за научен труд кој што е платено превземан од Интернет .
- Само во последните две години професорите и стдентите на ФКТИ имаат објавено повеќе од 17 научни и стручни труда, коишто се публикувани во меѓународни списанија или презентирани на конференции. Од нив два научни труда имаат добиено импакт фактор!
- ФКТИ има добиено признание од страна на Министерството за образование и наука на Р. Македонија за труд објавен во списание со импакт фактор.
Преку 10 професори и соработници секојдневно работат со студентите на ФКТИ со цел да посветат внимание на секој студент поединечно, да ги развијат неговите/нејзините афинитети и да ги насочат да се развиваат во посакуваната област
ФКТИ редовно ангажира професори и експерти кои го завршиле своето образование или тековно работат во други европски земји и САД, со цел студентите да добијат побогато искуство и работна комуникацијасо институции надвор од границите на Македонија.
Соодносот студент/професор на ФКТИ изнесува 10:1, сооднос кој што овозможува индивидуална работа со студентите.
-
- Вон. проф. д-р Адријан Божиновски – Декан на факултетот за компјутерска техника и информатика.
- Проф. д-р Ѓорѓи Јованчевски– Министерство за образование на Р. Македонија
- Вон. проф. д-р Вено Пачовски – Професор на УАКС
- Доц. д-р Билјана Стојчевска – Министерство за одбрана на Р. Македонија
- Д-р Хари Локвенец– Професор на УАКС
- М-р Ивана Стојановска – докторант на Факултетот за компјутерска техника и информатика на УАКС
Надворешни соработници:
- М-р Симон Бојаџиевски – OneVip Телеком
- Наташа Анастасова Бојаџиевска – сертифициран инструктор за ECDL
- М-р Златко Ивановски – Асистент на УАКС
- М-р Марјан Таневски – Асистент на УАКС, ИТ Гама
- Д-р Стево Божиновски – предава на Државниот универзитет на Јужна Каролина, САД
Студентите на ФКТИ работат во мали групи. ФКТИ посветува особено внимание на напредните области во Информатичката технологија и наука како што се:
- Работика
- Биомедицинска техника
- Процесирање на биосигнали
- Бази на податоци
- Обработка на јазици
Наставата се изведува на англиски јазик, преку употреба на најсовремени учебници и наставни материјали од реновирани универзитети, студии на случај и практична примена на теоријата. Студентите на ФКТИ ги развивааат своите презентациски вештини и воедно го усовршуваат користењето на англискиот јазик во професионалната комуникација. Освен тоа се поттикнува тимската работа , работата во групи и споделувањето на искуства.
Можностите за вработување во најбрзорастечката индустрија во светот се неограничени! Дел од професиите кои бараат ИТ квалификации вклучуваат:
- ИТ инженери
- Програмери, одржување на системи, развој на апликации и сл. Во ИТ компании во Македонија и светот.
- Програмери и одржување на системии слично во државни институции
- Развој на софтвер во домашни и странски компании
- Основање сопствена компанија и развивање на бизнис во ИТ индустријата.
За наставната програма
Наставната програма е дизајнирана на начин кој овозможува поттикнување на индивидуална и тимска работа. По завршувањето на постдипломските студии, секој студент ќе се стекне со следните вештини и знаења:
- Познавање, апликација и работа со следните технологии: C++, Java, C#, asp.net, PHP, JQuery, HTML, XML, SQL, Linux.
- Познавање во областа на софтверското инженерство, архитектура на компјутерски системи, системски апликацации и програми.
- Детално познавање на office aлатките, особено до европско ниво на писменост (е-citizen) во согласност со законската регулатива во Р. Македонија.
Академска програма
Насока: Софтверско инженерство
Четврта година (специјалистички студии)
Задолжителни предмети
- Наука за програмирање
- Изборен предмет на ниво на факултет
- Напредна организација на база на податоци
- Изборен предмет на ниво на универзитет
- Современи архитектури на софтверски системи
- Автоматски развој на софтвер
- Менаџмент на софтверски проекти
- Специјалистички труд
- Практична работа
Листа на изборни предмети
- Современи компјутерски архитектури
- Бизнис модул 4
- Современи оперативни системи
- Операциски и проект менаџмент
- Обработка на сигнали
- Информациски вештини и истражување
- Вовед во методологија
- Претприемништво
Петта година
Задолжителни предмети
- Теорија на пресметување
- Изборен предмет на ниво на факултет
- Изборен предмет на ниво на факултет
- Изборен предмет на ниво на универзитет
- Изборен предмет на ниво на факултет
- Магистерски труд
Листа на изброрни предмети
- Дизајн и анализа на алгоритми
- Верификација на софтверски системи
- Криптографија
- Операциски истражувања
- Вовед во менаџмент на човечки ресурси
- Дефинирање на софтверските барања
- Системи за прибирање информации
- Вештачки интелигентни системи
- Експлоатација на податоци
- Системска анализа, дизајн и имплементација
Листа на слободни изборни предмети на ниво на универзитет
- Научно истражување и критичко размислување
- Квалитативни истражувања
- Деловен англиски јазик