КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДИНАЕСЕТ СТИПЕНДИИ
НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ЗА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА

Согласно програмата на Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитет Американ Колеџ Скопје за стипендирање на ученици, за академската 2020/2021 година ќе бидат доделени 11 стипендии и тоа:

Конкурсот за стипендии е отворен од 02.03.2020 година до 10.06.2020 година и ќе прифаќа апликации од средношколци кои завршуваат средно образование во 2020 година.

ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИОТ КОНКУРС

УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои завршиле четврта година во јавните или приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1.  Да се редовни ученици;
  2.  Да имаат положено државна матура.

Доказ за успех од полагањата за државна или училишна матура (се доставуваат по завршување на полагањата за матура).

Ќе се доделат стипендии на секој од наведените факултети и тоа:

Факултет за деловна економија и организациони науки
1 целосна стипендија

1 целосна стипендија за програма ревизија и сметководство

1 целосна стипендија за програмата за двојна диплома со Универзитет Тор Вергата, Рим

1 делумни стипендии во висина од 50% од школарината

Факултет за компјутерска техника и информатика
2  делумни стипендии во висина од 50% од школарината

Факултет за архитектура и дизајн
1 целосна стипендија

1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

Факултет за политички науки
1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

1 делумна стипендија за насоката Психологија во висина од 50% од школарината

Факултет за странски јазици
1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријава за стипендија

Апликантите кои ја пополниле и испратиле пријавата, потребно е да ги достават и следните документи почнувајќи од 02.03. 2020 година до 10.06.2020 година:

  1. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството (за пензионираните – испратница од пензија) за последниот месец пред аплицирање по овој конкурс или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата. За невработените членови на семејството, да се достави потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат), додека за учениците потврди од училиштето;
  • Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  • Доказ за успех од средното училиште (сведителства од прва до трета година) и доказ за успех од полагањата за државна матура (резултати од државната матура и сведителството од четврта година ќе се достават откако ќе бидат добиени од страна на средните училиште и државните органи).

Учениците кои се пријавуваат на конкурсот, треба да ја пополнат пријавата, почнувајќи од 02.03.2020 година до 10.06.2020 година и да ги достават потребните документи електронски на: rahela.evtimova@uacs.edu.mk или директно до Универзитетот: Фондација УАКС, бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје (со назнака: Конкурс за стипендија за академска 2020/2021 година).