Студентска заклетва за Почеток на академската 2019/2020 година на УАКС

Студентска заклетва за Почеток на академската 2019/2020 година на УАКС

Универзитет Американ Колеџ Скопје одржа церемонија за Почеток на новата академска 2019/2020 година. Настанот беше наменет за сите новозапишани студенти, кои заедно со своите најблиски и пријателите на УАКС ја прочитаа студентската заклетва и со тоа и официјално започна почетокот на новата академска 2019/2020 година на УАКС.

На церемонијата студентите имаа можност да ги запознаат идните професори и да слушнат инспиративни и мотивирачки говори од еминентните гости.

Г- дин Ерик Елиот, претставник од Секторот за Односи со јавност од амбасадата на САД, одржа инспиративен говор за новозапишаните студенти за тоа со што ќе се соочат при студирањето и како да ја исполнат својата животна мисија. Инспиративен и мотивирачки говор преку примери присутните студенти слушнаа и од обраќањето на г-дин Александар Богојески, претставник од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност. Алумнистот,  г-дин Иван Зографски го сподели своето искуство во УАКС и како образованието на овој Универзитет му помогнало во основањето на својата компанија.

Исто така се обрати и Ректорот, проф. д-р Томе Неновски кој им честиташе на новозапишаните студенти што го избрале единствениот меѓународно акредитиран универзитет во земјата со желба да се надградуваат себеси и завршување на високото образование со што поголем успех и совет да ги абсорбираат во текот на студиите сите информации, знаења и искуства бидејќи ја имаат таа можност да учат од најдобрите.

Ректорот заедно со студентите ја прочитаа и студентската заклетва и со тоа  академската почетна година на УАКС беше официјално отворена.