Хуманитарна Stand-Up комедија “Крстана од Америка”

Хуманитарна Stand-Up комедија “Крстана од Америка”

Вчера, студентите од Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје, во соработка со Delta Mu Delta Pi Alpha го организираа хуманитарниот настан “Крстана од Америка” Stand-Up Comedy со Ивана Наскова

Со насмевка и добро расположение успеаа да соберат 10.200 денари од влезниците на настанот кои беа наменети за најранливата категорија граѓани за време на новогодишните празници. Собраните средства од влезниците беа донирани на Здружението Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness

Дополнително, во текот на декември во просториите на УАКС, студентите преку својот проект донаторската акција “I in need” собраа големо количество на храна и средства за хигиена. Оваа донација беше исто така беше донирана на вчерашниот настан на Здружението Љубезност, наменета за оние кои им е најмногу потребна овие празници.

Преку овие две донациски активности студентите на УАКС ја докажаа својата хуманост и желбата да допринесат за поголема радост за време на новогодишните празници за своите сограѓани кои се соочуваат со многу социјални предизвици.

Благодарност до сите вклучени во иницијативата и Среќни Празници,

Ви посакува Универзитет Американ Колеџ Скопје