Јоана Стојановска, нов Претседател на Универзитетското студентско собрание при УАКС

Јоана Стојановска, нов Претседател на Универзитетското студентско собрание при УАКС

ИЗВЕШТАЈ

од спроведени избори за избор на претседател на Универзитетското студентско собрание

при Универзитетот Американ Колеџ Скопје

На 13 октомври, 2020 година се организираа избори за избор на претседател на
Универзитетското студентско собрание. Гласањето се спроведе онлајн (online) преку гугл
алатката гугл формс (google forms) на англиски јазик. Гласањето се отвори во 00:01 и траеше до
23:59 часот на 13.10.2020. Гласаа вкупно 239 студенти. Вкупениот број на важечки гласови е 222,
од кои:
114 студенти од Факултетот за деловна економија и организациони науки
22 студенти од Факултетот за архитектура и дизајн
36 студенти од Факултетот за компјутерски техника и информатика
27 студенти од Факултетот за политички науки
9 студенти од Факултетот за странски јазици
11 студенти од Факултетот за правни науки
3 студенти од Меѓународната висока школа за архитектура и дизајн

Од вкупните избројани гласови:
81 студенти гласаа за кандидатот Јовица Јанковиќ
23 студенти гласаа за кандидатот Филип Миленковски
118 студенти гласаа за кандидатката Јоана Стојановска

Според исходот од избројаните гласови, за претседател се избира Јоана Стојановска, студент на
Факултетот за деловна економија и организациони науки.

Во прилог програмата:

Честитки од името на Универзитетот.