Акаунт менаџерот на „Медиа хаус“ како гостин-предавач по предметот Маркетинг комуникации и медиуми
На 30 март (четврток) 2017 година, студентите на студиската насока по маркетинг на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, имаа можност да следат гостинско предавање од акаунт менаџерот на „Медиа хаус“, г-дин Тодор Мицевски.
„Медиа хаус“ е најголемата агенција за маркетинг и комуникации, која што постои последните петнаесет (15) години на македонскиот пазар.
Презентацијата се осврна на последниот преглед на медиумите на македонскиот пазар, а особен акцент беше ставен на подробностите и значењето на дигиталните медиуми. Воедно, г-дин Мицевски претстави неколку примери на кампањи организирани од „Медиа хаус“.
На крајот, студентите имаа можност да погледат како функционира алатката за медиумско истражување, софтверот „Ариана“ (Arianna software), како и да изберат неколку медиумски извештаи.
Гостинското предавање се одржа како дел од наставната програма по предметот ‘Маркетинг комуникации и медиуми’ кај предметниот наставник, вон. проф. д-р Илијана Петровска.