Согласно со својата мисија, УАКС е меѓународно акредитиран универзитет, кој што има добиено признание за квалитетот на програмите што ги нуди од страна на домашни и меѓународни тела за акредитација.

  • Министерство за образование и наука
  • Одбор за акредитација и евалуација на високо образование

Универзитет Американ Колеџ Скопје е целосно акредитиран од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, и има добиено решение за почеток со работа како високообразовна институција од страна на Министерството за образование и наука Република Македонија.

На следниот линк можете да пристапите до официјалните документи за акредитација на УАКС.

Советот за акредитација на бизнис-школи и програми (Accreditation Council for Business Schools and Programs) од САД е водечка и специјализирана асоцијација за акредитација на образовни програми во областа на бизнисот, притоа поддржувајќи, одбележувајќи и наградувајќи ја врвноста во наставата. Со основањето во 1988 година, АЦБСП постана единствена организација за акредитација на сите програми за додипломски и постдипломски студии кои што содржат деловни компоненти.

Во 2001 година, оваа институција беше признаена од Советот за акредитација на високо образование (Council for Higher Education Accreditation – CHEA). Одборот на комесари за додипломски/постдипломски студии додели акредитација за програмите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје што содржат деловни компоненти (business-related programs).

Акредитацијата од АЦБСП е потврда дека наставниот процес и процесот на учење на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС ги задоволува строгите образовни стандарди пропишани од оваа институција. УАКС е единствениот универзитет југоисточно од Виена, Австрија, кој е акредитиран од Советот за акредитација на бизнис-школи и програми од САД.

Годишен извештај ACBSP

Воедно, УАКС е акредитиран и од Советот за високо образование на Република Турција (Yükseköğretim Kurulu – YÖK), кое е одговорна институција при турското Министерство за образование. Тоа значи потврдување дека сите дипломи што ги издава УАКС на своите дипломирани студенти се признаваат како високообразовна квалификација што има еднаков квалитет како и дипломите што ги издаваат високообразовните установи во Република Турција.