Ана Попризова, гостин предавач на тема „Гешталд психологија и психотерапија – филозофија на живеење“
На 12 октомври 2017 година, Ана Попризова, психотерапевт, тренер и супервизор по гешталд психотерапија на Институтот „Синергија“ и психолог во гимназијата „Орце Николов, Скопје, оддржа презентација на тема „Гешталд психологија и психотерапија – филозофија на живеење“. Презентацијата ја следеа студентите на Факултетот за политички науки на студиската насока по психологија при УАКС во рамки на наставата по предметите Детска и адолесцентна развојна психологија и Здравствена и клиничка психологија, водени од страна на м-р Димитринка Јорданова Пешевска, докторанд.
Презентацијата ги истакна основните принципи на гешталд психотерапијата со акцент на холистичкиот и хуманистичкиот пристап и поддршка на клиентот во терапискиот процес на патот кон реализирање на неговиот севкупен потенцијал и благосостојба. Студентите имаа можност интерактивно да учествуваат и испробаат неколку гешталд психотераписки техники.