Асс. Владимир Десков со изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Музејот на модерна уметност во Њујорк

Еден од најголемите докази за успешноста на нашите архитекти се нивните меѓународни достигнувања. Еден од најпознатите и најголемите светски музеи, Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк е моментално дом на изложбата  „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ истражувачки проект кој пред очите на светската публика го претстави исклучителното модернистичко наследство од територијата на поранешна Југославија. „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ воедно е и првото обемно претставување на оваа архитектонска продукција во една од најреномираните светски културни институции.

Зад ваквиот потфат, како главен куратор стои швајцарскиот архитект Мартино Стиерли, раководител на Филип Џонсон одделот за архитектура и дизајн во МоМА (the Philip Johnson Chief Curator of Architecture and Design at MoMA); ко-куратор е Владимир Кулиќ и Ана Катс како асистент-куратор.

Она што сме навистина горди да го напоменеме е дека од Македонија, членови на кураторското советодавно тело на истражувањето и изложбата се архитектите Владимир Десков асистент – докторанд на Факултетот за Архитектура и Дизајн при УАКС, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски.

По нивното враќање во Скопје, ќе ги споделиме нивните импресии од изложбата, а во меѓувреме можете да погледнете дел од фотографиите и прочитате повеќе детали за истата на следните линкови:

https://okno.mk/node/72466

https://www.archdaily.com/897466/moma-to-host-exhibit-celebrating-the-radical-brutalist-architecture-of-socialist-yugoslavia

https://www.moma.org/calendar/exhibitions/3931

https://www.facebook.com/MuseumofModernArt/videos/10157512560377281/?hc_ref=ARRFVml_c27r8IN3ko0pWJ_e0uptIglU1U_Czck7rSQjCIoB3aNOqyUZIMrhzyFUqyo

 

 

 

Similar Posts