Банкарска програма за практикантска работа на Халк Банка АД Скопје
Почитувани студенти,
Халкбанк Ви ја претставува новата “Банкарска програма за практикантска работа на Халк Банка АД Скопје„ која започнува овој месец.
Оваа програма е наменета за сите студенти од завршните дипломски и додипломски студии од областа на економијата, со цел преку 8 часовен ангажман во времетраeње од 2 месеци, студентите да се стекнат со практични знаења од областа на банкарското работење. Целата оваа програма ќе се спроведува низ неколку фази, под менторство на назначен ментор. За време на оваа практикантска работа, студентите ќе добиваат паричен месечен надомест од нето износ од 12,000 денари.
По успешно завршување на оваа практикантска работа, студентите ќе влезат во Базата за селекција за идните слободни работни позиции во Банката, во рамки на нивните компетенции стекнати за време на практикантската работа.
Овој сериозен проект ќе придонесе за студентите да имаат одлична перспектива за нивна понатамошна кариера и развој.