Банкарска програма за практикантска работа на Халкбанк АД Скопје

Наменета за студенти што:
– не се во работен однос;
– се студенти од последните студиски години или студенти на постдипломски студии од приватните или државните универзитети, помлади од 29 години.

Овозможуваме:

  • Практична работа со 8-часовен ангажман од понеделник до петок;
  • Утврдена програма според која ќе се врши практикантската работа со назначен ментор;
  • 14.000 денари месечен надоместок;
  • Вкупно траење на практикантската работа од 2 (два) месеци;
  • Влез на сите практиканти во базата за селекција за сите наши идни отворени работни позиции.

Сите заинтересирани студенти своите кратки биографии да ги испратат на е-пошта: career@halkbank.mk

Similar Posts