Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ гостин на УАКС!
Факултетот за политички науки и Катедрата по психологија
имаат чест да Ве поканат на гостинското предавње на
г-дин Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ и вршител на должноста постојан координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија
Новите научни сознанија за детскиот развој и нивното влијание врз креирањето политики и нивното влијание врз креирањето политики
четврток 14 март 2019 од 11:30 до 12:30 на УАКС, просторија A1
Бенџамин Перкс е претставник на УНИЦЕФ и вршител на должноста постојан координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија. Во двете функции тој се стреми за реформи кон целосно исполнување на меѓународните човекови права и за реализација на оддржливите развојни цели.
Во лично својство, тој е виш соработник во Јубилејниот центар на Универзитетот во Бирмингем, Обединетото Кралство, кој истражува и советува за образовни политики поврзани со развојот на карактерот, социјалните и емотивните вештини кај децата.
Тој е и претседател на Регионалната советодавна група за насилство врз децата, која промовира реформи во поддршка на примарната заштита и превенција во 21 земја во Европа и Источна Азија. Претходно бил претставник на УНИЦЕФ во Црна Гора, а има служено и во Грузија, Косово, Авганистан, Индија и Албанија. Во Авганистан, помогна за координирање на кампањата „Назад во училиште“ со што овозможи три милиони деца, од кои и еден милион девојчиња, да се вратат во училиште, а многу од нив дури и за првпат да одат на училиште.
Бенџамин Перкс има завршено постдипломски студии за меѓународни односи на Универзитетот во Кент во Кентербери и неодамна заврши програма за кариера на Факултетот за образование на Харвард, за лидерство и образовни реформи.
Предавањето е отворено за јавноста. Сите се добредојдени!