|

БЕСПЛАТНИ 5-неделни курсеви за програмирање во Инфинум

Здраво студенти,

Ние сме Инфинум – Хрватска ИТ компанија со присуство на повеќе локации низ светот (Хрватска, Словенија, Црна Гора, Велика Британија, Америка), а од неодомна и во Македонија. Броиме повеќе од 350 вработени, а дел од клиентите со кои што соработуваме се Philips, Porshe, A1, Nokia, Samsung, Disney, Nike, Erste Bank и други.

Инфинум Академијата е нашата едукативна гранка која постои од 2015та година и на која до сега имаат дипломирано 347 студенти, од кои 87 се вработиле. Оваа година за прв пат се организира академијата во Македонија.

Нудиме БЕСПЛАТНИ 5-неделни курсеви за програмирање, каде ќе може да научите како да направите своја мобилна апликација од нула. Во моментов трае пријавувањето за курсевите за iOS и Android.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте на https://academy.infinum.com најдоцна до 15 Мај. Тестирањето ќе се одвива во нашата канцеларија во Скопје на 23 Мај, додека Академијата започнува во Јули.

Повеќе информации можете да прочитате од прикачената презентација. За било какви прашања можете да не исконтактирате на jana.tanevska@infinum.com

Similar Posts