Библиотека Професор Гашпар Биро

Библиотеката не е само вообичаена административна служба или технички сервис на универзитетот.  Таа претставува стручна единица на академска институција која им служи на факултетите, на студентите и на административниот кадар и го поддржува процесот на настава, учење и истражување. Во традиционална смисла библиотека може да се дефинира како збирка на книги или збирка на корисни материјали што може да се користат.

Во библиотеката дел од книгите се купени со средства од фондот на УАКС, а дел се набавени по пат на размена со други библиотеки. Библиотеката на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) ги донираше сите наслови кои беа преведени на македонски јазик како дел од проектот на владата на Република Македонија за превод на 500 стручни и научни книги и учебници.

Библиотеката започна со печатење на свои изданија од 2008 година.

Покрај овие книги библиотеката издаде и бројни учебници, скрипти и книги во електронска форма, според правилата препишани од НУБ ,,Св. Климент Охридски”, кои исто така се и дел од Правилникот за печатење на УАКС.

Библиотеката е интегрален дел на Универзитетот и поделена е на два дела – библиотека и читална.

Библиотеката не е од отворен карактер, достапна е за студентите на УАКС со плаќање годишна членарина и за вработените.

Во библиотеката има над 2340 наслови (домашна и странска литература) и книжен фонд со повеќе од 9500 книги, вклучувајќи ги скриптите, учебниците, референтната литература и прирачниците од професорите. Освен овие книги библиотеката има збирка од докторски и магистерски трудови кои се одбранети на УАКС.

Библиотечниот материјал се подредува според УДК (Универзална Децимална Класификација) што се користи во COBISS системот за пребарување литература и секоја книга има сопствен код. (во процес)

За студентите се обезбедени и студии на случај од Harvard Business School како дел од наставниот процес.

Книга на Апстракти