Вон. проф. д-р Илијана Петровска како визитинг професор на Универзитетот за применети науки во Вормс, Германија
Во периодот од 30 јануари до 5 февруари 2017 година, вон. проф. д-р Илијана Петровска беше визитинг професор по предметот „Маркетинг менаџмент“, кој го слушаат студентите на програмата по меѓународна бизнис администрација на Универзитетот за применети науки во Вормс, Германија.
Предавањата беа одржани како резултат на успешната соработка со мрежата Решица.
За време на еднонеделните интензивни предавања по предметот „Маркетинг менаџмент“, студентите од Германија и студентите од земјите од странство имаа можност да направат анализа и да разговараат за моменталните светски трендови, маркетинг стратегиите на компаниите Старбакс и Убер, да размислуваат за иднината, како и да развиваат нови визионерски маркетинг проекти за реални компании. Исто така, студентите правеа анализа, развиваа стратегија и беа вклучени во креативна работа. Предметот беше заокружен со одличните презентации на студентите.
Соработката со Универзитетот за применети науки од Вормс, Германија ќе продолжи со потпишување на официјален договор за мобилност на студенти преку програмата за мобилност Еразмус+. Истото ќе им овозможи на студентите на УАКС да поминат семестар на Универзитетот за применети науки во Вормс и да стекнат меѓународно искуство за време на студиите.