Вон. проф. д-р Марко Андонов ги додели првите лиценци за обучувачи на медијатори

На ден 06.03.2018 година, во просториите на Министерството за правда на Република Македонија, Претседателот на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работата на медијацијата и декан на Факултетот за правни науки при УАКС, вон. проф. д-р Марко Андонов, ги додели првите лиценци за обучувачи на медијатори. Лиценците им беа доделени на Роза Алексова, Јелисавета Георгиева-Јовевска, Зоран Вучев, Илија Манасиев и Славе Младеновски.

Во нашиот правен систем постои регулатива која ја препознава медијацијата како начин за решавање на споровите надвор од судовите.

Улогата на обучувачите е според акредитирани програми да ги спроведуваат обуките за сите оние кандидати кои сметаат дека поседуваат лични особености и карактеристики да се занимаваат со вршење медијаторски работи. Обучувачите се пред предизвикот за кандидатите кои ќе ги проследуваат обуките за медијатори, да обезбедат креирање на личноста на медијаторот како непристрасна и неутрална личност што ќе поседува комуникациски вештини и техники преку кои ќе ги поттикне страните во спор по пат на преговори да го препознаат заемниот интерес за спогодбено решавање на спорот.

Улогата на медијаторот е да им помогне на спротивставените страни во спор да дојдат до компромисно решение што ќе ги содржи нивните заеднички интереси, потребите и нивните права.

Повеќе информации за доделувањето на првите лиценци за обучувачи на медијатори се достапни на официјалната веб страница на Министерството за правда на РМ, на следниот линк.

Информацијата е преземена од официјалната веб страница на Министерството за правда на РМ.

 

Similar Posts