Вон. проф. д-р Марко Андонов на студиски престој на Универзитетот во Падова

Во периодот од 13.11.2017 до 17.11.2017 година, деканот на Факултетот за правни науки, вон. проф. д-р Марко Андонов, во рамки на Еразмус+ програмата за мобилност, реализираше студиски престој на државниот Универзитет во Падова (втор најстар универзитет во Европа, основан во 1222 година). Во рамки на студискиот престој, проф. Андонов одржа неколку предавања пред студентите на додипломски студии на Правниот факултет и на Економскиот факултет, кои го слушаат предметот компаниско право. Воедно, вон. проф. д-р Андонов одржа и предавање по предметот трудово право, на студиската насока ‘Меѓународно деловно право’ на постдипломски студии. Овие предавања се одржаа во Тревизо, како составен дел на Правниот факултет при Универзитетот во Падова.

За време на престојот, вон. проф. д-р Марко Андонов оствари и неколку средби со професорите на Правниот факултет, при што беше разговарано за можна понатамошна соработка на повеќе проекти.

 

Similar Posts