Вон. проф. д-р Марјана Ванева објави труд индексиран во Томсон Ројтерс
На 1 јануари 2018 година, вон. проф. д-р Марјана Ванева, декан на Факултетот за странски јазици, објави труд насловен “Cognitive Mapping of the Noun Domains When Zero-deriving Proper from Common Nouns in Macedonian”. Трудот беше објавен во изданието за јан/фев 2018 на Меѓународното списание на мултидисциплинарни и тековни истражувања (International Journal of Multidisciplinary and Current Research – IJMCR), кое што е индексирано од Томсон Ројтерс и има глобален импакт фактор.
Публикуваниот труд е достапен на следниот линк.
Д-р Ванева е професор по Лингвистика. Таа предава повеќе предмети поврзани со граматика, и има специјалност за примена на познавање на лингвистички процеси, најчесто во zero derivation.