Вон. проф. д-р Марјан Петрески презентираше труд на Универзитетот во Триер
Во периодот од 20-22 април 2017 година, проректорот за научно-истражувачка работа и професор на ФДЕИОН при УАКС, вон. проф. д-р Марјан Петрески, учествуваше во работилница за пазарите на труд во 2017 година, која се одржа на Институтот за работни односи во Европската унија во рамките на Универзитетот во Триер, Германија.
Воедно, за време на работилницата, вон. проф. д-р Марјан Петрески го презентираше својот труд на тема „Дали неформалното работно искуство ги одредува можностите на пазарот на труд на младите луѓе? Докази од економиите во транзиција“.