Вон. проф. д-р Марјан Петрески учествуваше на 4-та Летна школа на Универзитетот од Пекинг
Во периодот од 1-5 јули 2017, наставникот на ФДЕИОН при УАКС, вон. проф. д-р Марјан Петрески учествуваше на 4-та Летна школа за нови структурни економии, организирана од Универзитетот од Пекинг, во Пекинг, Кина.
Летната школа претставуваше комбинација на предавања од истакнати научници од Кина, Кореја, Јапонија и други земји, и истата вклучуваше презентација и дебати од учесниците од целиот свет на актуелната тема за нови структурни економии.
За време на работилницата, вон. проф. д-р Марјан Петрески одржа говор на тема ‘Дали развојната стратегија за време на транзиција влијае на распределбата на приходите? Перспектива на новите структурни економии’.