Гостин предавач на предавањето по предметот ELT Methods

На 3 април 2018 година, студентите на Факултетот за странски јазици при УАКС кои го слушаат предметот ELT Methods беа домаќини на м-р Мет Мури, автор на книгата „Што ако…?“ и основач на учењето засновано на љубопитност „Што ако…?“. Ова учење ги поврзува наставниците и студентите, кои цврсто веруваат дека љубопитноста е природен ресурс кој може да се претвори во моќна енергија да се учи англиски јазик и да се комуницира на глобално ниво.

Тој е поранешен професор по англиски јазик и сегашен професор по Социјално претприемништво и координатор за иновација при Институтот за глобална вклученост „Черчил“ при Колеџот од Вестминстер. Тој ги има завршено своите студии на Колеџот за наставници при Универзитетот од Колумбија. Тој има повеќе од десетгодишно искуство во настава во пет земји, на три различни континенти, и тоа како наставник во државно училиште, волонтер во Мировниот корпус (Peace Corps), и професор на колеџ. Мат моментално работи во „Белуга“, целосна онлајн компанија, која им овозможува им на студентите да дознаат нешто повеќе, како и да дискутираат за своите животи насекаде низ светот, да ги споделуват своите искуства од училницата, својата култура, општество, како и да соработуваат со своите врсници низ светот и да остават значителен впечаток.

Студентите учествуваа во активност иницирана од гостин предавачот, преку користење на пристапот „Што ако…?“, притоа истражувајќи го своето ниво на љубопитност и креативност. Тие започнаа со прашање кое директно се однесува на нив: Што ако не студиеавме странски јазици?

Мат Мури беше во посета на неколку образовни институции во Македонија, зборувајќи за својот пристап. Неговата посета на УАКС беше последната од низата на посети.

Similar Posts