Гостин-предавач од Медицинскиот факултет одржа предавање на ФПН при УАКС
На 3 март 2017 година, студентите на Факултетот за политички науки и студиската насока по психологија при УАКС, кои следат настава по предметот Когнитивна психологија со експертот од практика, м-р Димитринка Јорданова-Пешевска, докторант, посетија презентација на тема: „Нервна основа на сознавањето“. Презентацијата ја одржа гостин-предавачот, д-р Габриела Новотни, докторанд, невролог и асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетската клиника за неврологија во Скопје.
Презентацијата се осврна на анатомијата на мозокот, нагласувајќи ја функцијата која ја извршува секој регион. Исто така, студентите имаа можност да ги изучуваат методите на истражување на функциите на мозокот, како што се невровизуелизација на податоци, како и студии за ефектите од оштетувањето на мозокот.