Деканот на Факултетот за странски јазици при УАКС одржа презентација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
На 28 април 2017 година, вон. проф. д-р Мaрјана Ванева, декан на Факултетот за странски јазици при УАКС, ги презентираше резултатите од нејзиното последно истражување пред студентите на додипломски, постдипломски, докторски студии и наставниот кадар на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД).
По покана од деканот на Филолошкиот факултет при УГД, вон. проф. д-р Марјана Ванева говореше за нејзиното истражување на тема „Велејќи ‘Не’ на англиски јазик: Македонците и нивната негација“. Ова беше втора презентација на резултатите од научниот труд; претходно беше одржана една презентација на конференција во периодот од 31 март до 2 април 2017 година, на Колеџот „Фитцвилијам“ и Колеџот „Черчил“ на Универзитетот Кембриџ.
Преку овој труд, студентите и вработените на УГД во Штип се запознаа со начинот на кој македонците употребуваат негација при користење на англискиот јазик. Овој труд е дел од истражувањето кое вон. проф. д-р Ванева го спроведува со професор од Универзитетот Кил.