Демократија, индивидуална слобода и владеење на правото – принципите на НАТО, принципи на Република Северна Македонија
Посветен на квалитетно високо образование и со цел развој на критичкото мислење кај студентите, Универзитетот Американ Колеџ Скопје континуирано организира настани и гостувања на странски предавачи, експерти, амбасадори и високи гости. Како дел од тие заложби, Универзитет Американ Колеџ Скопје вчера оганизираше настан на кој студентите се сретнаа со проф. д-р Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија, и Н.Е. Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во Северна Македонија.
Под наслов „Значењето од пристапот на Северна Македонија во НАТО“, почесните гости имаа свои обраќања до студентите и претставниците од деловната заедница, по што следеше дискусија и размена на мислења. Претседателот Пендаровски ги објасни придобивките од значењето од членството на Северна Македонија во НАТО и истакна: „Членството во НАТО е важно за нас затоа што како мала држава со ограничени ресурси за одбрана и безбедност, нам ни е потребно да сме дел од систем на колективна безбедност.
На пример, членот 5 од Севернатлантскиот договор гласи дека доколку една земја-членка е нападната, одговор ќе следи од сите. Ова значи дека како идна членка на НАТО нашата безбедност се гарантира од сите земји-членки на НАТО. Исто така, имаме можност да заштедиме на ресурси, односно да имаме ефективен начин за тоа како инвестираме и трошиме во одбраната.“. Потоа, Претседателот се осврна и на друг аспект од членството, односно реалните придобивки за граѓаните низ можностите за конкретен раст и развој: „НАТО не значи само безбедност и воена обука, туки и развој, нов пазар на труд и нов пазар за нашите компании. На пример, НАТО има многу програми за јавна дипломатија, за истражување и развој во кои може да учествуваат студенти, граѓанскиот сектор и универзитетите. Поседувањето на „НАТО стандард“ значи дека нашите компании ќе имаат пристап до поголем пазар во земјите-членки на НАТО за кои можат да добавуваат услуги и производи“.
Американската амбасадорка во нашата земја Кејт Мари Брнз, се надоврза на Претседателот и истакна дека членството во НАТО ќе овозможи младите луѓе да ги искористат придобивките од тој процес и во текот на своето образование, а и во текот на градењето на нивните кариери. Таа го издвои безбедносниот аспект, што е клучен за нашата земја, посебно имајќи ги предвид денешните ризици и закани со кои ниедна земја, па дури ни САД, не може да се соочи сама, заради што е важно да се обединат можностите и капацитетите во заедничка одбрана. Дополнително, членството во НАТО има и голема политичка добивка, бидејќи, како што објасни таа, „Вредностите на НАТО се во важноста на демократските институции и цивилната контрола на воените сили, како и мерки за транспарентност и зајакнување на институциите“.
Ова беше прво обраќање кон студентите на проф. д-р Стево Пендаровски во функција на Претседател, кој претходно беше редовен професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Покрај претставниците на бизнис заедницата, настанот беше посетен и од голем број студенти, со што тој беше вистинска можност тие да ги прошират своите знаења и перспективи.
************************************************************************
Democracy, personal freedom and rule of law – the principles of NATO, principles of Republic of North Macedonia
Dedicated to delivering high quality education and aiming for development of critical thinking in students, University American College Skopje constantly organizes events and guest lectures from international lecturers, experts, ambassadors and high profile guests. As part of that commitment, University American College Skopje yesterday organized an event where students were given the opportunity to meet prof. Stevo Pendarovski, PhD, President of the Republic of North Macedonia, and H. E. Kate Marie Byrnes, US Ambassador to North Macedonia, distinguished guests at University American College Skopje.
Under the title of “The Importance of North Macedonia’s NATO accession”, the distinguished guests addressed the students and the business community representatives, followed by a discussion. President Pendarovski explained the benefits and the significance of the North Macedonia NATO membership and pointed out: “NATO membership is important to us because, as a small country with limited defense and security resources, is essential to be part of a collective security system. For example, Article 5 of the North Atlantic Treaty reads that if one Member State is attacked, the response will be collective. This means that, as a future NATO member, our security is guaranteed by all NATO member states. Moreover, we have the opportunity to save resources, i.e. to apply an effective way of investing and spending on defense”. Afterwards, the President talked about another aspect of the membership and the real life benefits for the citizens through the possibilities for growth and development: “NATO does not only mean security and military training, but, also, development and a new labor market and a new market for our companies. NATO has various public diplomacy, research and development programs that can include students, NGO community and universities. Possession of a “NATO standard” will mean that our companies will have access to a larger market in all the NATO member states for which they can provide services and products”.
The US Ambassador in our country Kate Marie Byrnes talked after the President and pointed out that the NATO membership will enable young people to take advantage of the benefits from the process both during their education and during their careers. She emphasized the security aspect as of a key importance for our country, especially having in mind the today’s risks and threats which no country, not even the USA, could face alone, which is why it is important to unite the potentials and capacities in a common defense. Additionally, the NATO membership has a great political gain, because, as she explained, “the NATO values are within the importance of the democratic institutions and the civil control of army forces, and also a measurement for transparency and capacity building”.
This was the first address to the students by prof. Stevo Pendarovski PhD as the President, since before that, he was a professor at University American College Skopje. Besides the business community representatives, a great number of students attended the event, which was a real opportunity for them to expand their knowledge and perspectives.