Денови на кариера на УАКС

Денес, 13 февруари 2018 година, успешно започна првиот дел од Деновите на кариера на УАКС, чија што цел е да им помогне на студентите при процесот на аплицирање за позиции за практична работа и вработување, и да се подобрат нивните вештини за развој на биографија и совладување на работни интервјуа. Оваа година, Деновите на кариера при УАКС ги организираме во соработка со огранокот на Делта Му Делта при УАКС, Делта Му Делта Пи Алфа.

Ова се неколку фотографии од првата работилница, а подолу може да ја најдете и агендата за преостанатиот дел од настанот.

Дел I: 13 и 15 февруари 2018 година – РАБОТИЛНИЦА ЗА ПИШУВАЊЕ НА БИОГРАФИЈА

Предавачи: Претставници од компанијата Вработување.мк, заедно со Александра Ацева, Заменик претседател на Делта Му Делта Пи Алфа и Рахела Евтимова, Кариерен центар на УАКС

Дел II: 22 февруари 2018 година – ИНСПИРАТИВНИ ПРЕДАВАЊА ОД МЕНАЏЕРИ ЗА ЧОВЕКОВИ РЕСУРСИ

Афродита Гочева, Менаџер за човекови ресурси во Делфи електроник системс Македонија ДООЕЛ Скопје

Александра Аргир, Менаџер за човекови ресурси во Пивара Скопје АД Скопје

Олгица Спасевска, Менаџер за човекови ресурси во Шпаркаса банка АД Скопје

Христина Лозаноска, Менаџер за човекови ресурси во Народна банка на Р.М

Дел III: 22 февруари 2018 година – ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КОМПАНИИ СО ПОНУДИ ЗА ПРАКСА

Similar Posts