Денови на кариера на УАКС
Почитувани студенти,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Денови на кариера на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), кои ќе се одржат во следните термини:
Дел I (студенти поделени во групи, работилници на иста тема, во еден од 2та термина)
- 25 февруари 2019 година (понеделник), со почеток во 09.30 до 11.30 часот во 4А (4ти кат) на УАКС,
- 26 февруари 2019 година (вторник), со почеток во 10.00 до 12.00 часот во 3Ц (3ти кат) на УАКС,
Дел II (искуства од експерти за сите студенти)
- 4 март 2019 година (понеделник), со почеток во 12.30 часот во Амфитеатар 1 (4-ти кат) на УАКС,
Дел III (презентации на компании со можности за пракси и вработување за сите студенти)
- 4 март 2019 година (понеделник), со почеток од 14.00 до 16.00 часот во предавална 4А (4-ти кат) на УАКС,
За време на Деновите на кариера, ќе имате можност да посетите работилница за пишување на биографија (CV), подготовка за Вашето прво интервју за работа, планирање на кариера, можности за пракса и вработување, кариерно советување, со следната aгенда:
АГЕНДА
Дел II: 4 Март (понеделник) 2019 година, Амфитеатар 12.30 часот
ИНСПИРАТИВНИ ПРЕДАВАЊА ОД МЕНАЏЕРИ ЗА ЧОВЕКОВИ РЕСУРСИ
- Дијана Деспотов, Генерален директор на АмЧам
- Катерина Трпеска Николиќ, Менаџер за човекови ресурси во Deutsche Telekom
- Фросина Зафировска, Менаџер на Човекови ресурси во ИТ Лаб
- __________________ Менаџер за човекови ресурси во Ендава
- Мила Апостоловиќ, студент на УАКС, ќе сподели искуство од пракса
Дел III: 22 февруари 2018 година, кафетерија(4-ти кат)
ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КОМПАНИИ СО ПОНУДИ ЗА ПРАКСА И ВРАБОТУВАЊЕ
- ПСС (Power Sports System)
- ИДЕА ПЛУС Комуникации
- Аeисек
- Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје
- Трговија со лекови и хемикалии, Варус,
- Цементарница УСЈЕ
- РСМ Ревизија, Тамара
- Еријан Ревизија
- СОС Детско Село
- Шпаркасе Банка и други
Деновите на кариера ги препорачуваме на сите студенти од додипломски и специјалистички студии на УАКС, а целта на настанот е да Ви помогнеме при процесот на аплицирање за позиции за практична работа и вработување, да ги подобриме Вашите вештини за развој на биографија и да Ве советуваме за развој на Вашата кариера.
Ве молиме потврдете го Вашето присуство на Деновите на кариера на УАКС најдоцна до 24 февруари 2019 на електронска пошта: rahela.evtimova@uacs.edu.mk или на телефонскиот број: + 389 (0) 2 2463 156.
Ве очекуваме на Деновите на кариера!