Експерт од практиката на УАКС коавтор на публикација од Светската здравствена организација

Експерт од практиката на УАКС, м-р Димитринка Јорданова-Пешевска, заедно со Џени Греј, Динеш Сети, Марија Д. Рамиро Гонзалез и Јонги Јон, е коавтор на публикацијата на Светската здравствена организација (World Health Organization) со наслов: „Прирачник за развој на државни планови на активности за спречување на злоупотреба на деца“.

Публикацијата се осврнува на злоупотребата на деца, како главен јавен здравствен проблем, кој што има сериозно влијание врз здравствената состојба и развојот на децата. Согласно проценките на извештаите, најмалку 55 милиони деца во Европа можат да бидат злоупотребувани за време на детството. Истото може да има значителен негативен ефект врз процесот на развој на децата и да придонесе за дисфункција во одреден период од нивниот живот. Спречувањето на злоупотребата на децата ќе придонесе за спречување на поголем опсег на потешкотии во текот на нивниот живот, и воедно да го подобри долгорочниот социјален развој на децата, како и нивната општа физичка и психичка состојба.

Клучната порака до креаторите на политиките и членовите на граѓанското општество е дека злоупотребата на деца е неизбежна, но истата може да се спречи преку примена на мултисекторски и мултифакторен пристап во јавното здравје, со цел негова превенција. Овој прирачник ги пропишува мерките кои што е потребно да се преземат во процесот на создавање на план на активности со цел спречување на злоупотребата на деца. Истиот е наменет за да се употребува со други ресурси развиени од регионалната канцеларија на Светската здравствена организација во Европа.

Публикацијата е достапна на следниот линк .

Similar Posts