Етнички права без сепаратизам – Прва научна средба на Европската мрежа за нетериторијална автономија (ЕНТАН) на УАКС

Денеска, 6 јуни 2019 година, во Скопје, Универзитет Американ Колеџ Скопје беше домаќин на Првата научна средба на Европската мрежа за нетериторијална автономија (ЕНТАН), на која учествуваа 50 научници и истражувачи од 27 европски земји.

Оваа работна средба е дел од активностите во рамките на проектот за нетериторијална автономија, кој го спроведува Универзитет Американ Колеџ Скопје, а е финансиран од европскиот фонд за наука COST. Европската меѓувладина Асоцијација за соработка во науката и технологијата COST (Cooperation in Science and Technology, www.cost.eu) е најстарата европска платформа за соработка меѓу научници од сите дисциплини. Финансирана е од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската унија.

Македонија е полноправна членка во COST подолго време, но Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) е првата македонска високообразовна институција што стана носител на проект финансиран преку овој европски фонд за наука.
Станува збор за четиригодишен научно-истражувачки проект, под наслов „ЕНТАН – Европска мрежа за нетериторијална автономија“, кој има за цел да ги истражува нетериторијалните модалитети на заштита и унапредување на малцинските права. Во време на крупни превирања во Европа, една од клучните теми е иднината на европското интегрирање. Се наметнува прашањето како да се избегнат внатрешните поделби, етничките конфликти и повиците за сепаратизам, а да се обезбеди максимално почитување и негување на културните разлики. Во време на засилени миграциски движења, речиси нема земја на европскиот континент што не се соочува со потребата да развие политики и механизми за заштита и унапредување на малцинските и културните права. Иако во последните години најголемо внимание привлекуваат повиците за отцепување во Шкотска и во Каталонија, предизвици поврзани со етнички, јазични, релизгиозни и културни разлики се присутни и во многу други земји.

Европска мрежа за нетериторијална автономија поаѓа од сознанието дека постојат нетериторијални одговори на современите предизвици и има за цел да ги истражи и афиримира различните примери и механизми на културна автономија што постоеле во минатото, а се развиваат и можат да најдат примена и денес во различни политички контексти во европските земји. Раководител на проектот е проф. д-р Иван Додовски, Декан на Факултетот за политички науки при Универзитет Американ колеџ Скопје (dodovski@uacs.edu.mk). Заменик раководител е проф. д-р Роберт Хадсон од Универзитетот во Дарби, Велика Британија. Во работниот тим од Македонија што го дизајнираше проектот учествуваат и доц. д-р Марина Андева од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и доц. д-р Наталија Шикова од Меѓународниот балкански универзитет од Скопје. Раководители на четирите  работни групи се:  проф. д-р Балаш Визи од Академијата на науките на Унгарија, проф. д-р Тове Малој, директорка на Европскиот центар за малцински прашања од Германија, проф. д-р Дејвид Смит од Универзитетот во Глазгов, Велика Британија и д-р Марина Андева од од Универзитетот Американ колеџ Скопје. 


За повеќе информации:

Similar Posts