ЖИКОЛ објавува повик за практична работа за студентите од сите Факултетски единици при УАКС

ЖИКОЛ објавува повик за практична работа за студентите од сите Факултетски единици при УАКС.

Главна вредност на нашата организација е тимот кој што е составен од професионални и морални луѓе, технички припремени на високо ниво, и избалансиран спој на искусни со млади, амбициозни и енергични инженери, дизајнери, економисти, правници итн.

Ова ни даде можност да изминативе години генерално работиме на сериозни проекти во инфраструктура, станбени објекти, индустриски објекти и сл.

Во моментов делувањето ни е поделено во неколку сегменти и во секој нив може да се најде место за амбициозни студенти кои би сакале да стекнат пракса.

Тие сегменти се:

  • Градежна оператива која ни е ангажирана на проекти од нискоградба, високоградба и инфраструктура. Тука можностите се најразновидни и може да дадат најголема вредност за студентите.
  • Формиравме нова работна единица за дизајн, изработка и монтажа на комплетни ентериерни уредувања.
  • Акредитирана лабораторија за испитувања во градежништво.
  • Проектна единица која работи на изработка на техничка документација за наши проекти кои треба да ги развиваме.

Студентите кои се заинтересирани треба да достават кратка биографија (CV) на e-mail: branislav.gjorgjievski@zikol.com.mk

  • Бранислав Ѓорѓиевски Д.И.А, Раководител на оператива – Скопје / Head of construction activities -Skopje

Similar Posts