ИЗВЕСТУВАЊЕ! – Регистрација на предмети за пролетен семестар
Почитувани студенти,
Пред се, би сакале да Ви посакаме успех во Новата 2018 година и исполнување на секоја желба, на секое поле!
Исто така, би сакале да ве известиме дека во периодот од 23-26 јануари 2018 година, следи регистрација на предметите за новиот пролетен семестар од академската 2017/2018 година.
Поради тоа, потребно е да не посетите во предвидените термини, а притоа да ги имате подмирено тековните финансиски обврски, со што би биле во можност да регистрирате нов семестар.
Доколку ги имате подмирено тековните финансиски обврски или ја имате исплатено годината во целост, ви благодариме и ве молиме да не ја земате во предвид оваа порака, делот кој се однесува на плаќањето.
Сите останати, би ве замолиле, најдоцна до 19.01.2018 година, да извршите уплата за новиот семестар и да ги имате уплатниците со вас на денот на регистрација, во случај да не е регистрирана вашата уплата.
Исто така, би ве замолиле внимателно да ги погледнете известувањето и распоредите за регистрација на предмети за новиот семестар кои ви ги испраќаме во прилог, како и оние кои се објавени на нашата официјална веб страница www.uacs.edu.mk и на профилот на Универзитетот на социјалната мрежа Фејсбук.
*За секое непочитување на распоредот за регистрација на предмети (задоцнета регистрација), согласно Правилникот за финансиски надоместоци, студентот е должен да плати надоместок од 3.050 денари.
Распоред за регистрација – Registration Schedule (Spring 2018)