Избор за претставници и претседател на Студентско Собрание
На 12.12 (среда) ќе се одржат избори за членови на факултетско и универзитетско студентско собрание. За членови на собранието ќе се избираат по 2 студенти од секоја година и секоја јазична група, на секоја од единиците на УАКС, што значи на ФДЕИОН 12, на ФАД 10, а на сите други, вклучително и ИСАД по 6 студенти.
За спроведување на изборите, како на факултетско-универзитетско студентско собрание, така и за претседател, формирани се комисии на секоја од единиците на УАКС, составена од по двајца студенти и еден професор.
Тоа значи дека на 12.12.2018, во текот на наставата, претставниците на комисијата ќе ги посетуваат сите групи од сите академски години со цел да се изберат претставници за студентскиот сојуз.