Информација за коорганизирање конференција на Станислав Стажик универзитетот за применети науки во Пила, Полска
Како Ерасмус партнер на Универзитетот Американ колеџ Скопје, Станислав Стажик универзитетот за применети науки во Пила, Полска, го покани Факултетот за странски јазици при УАКС, да биде коорганизатор на втората филолошка конференција што тие ја организираат на својот универзитет. Конференцијата ќе се одржи од 17 до 18 октомври 2017 година, на Станислав Стажик универзитетот за применети науки во Пила, Полска.
Конференцијата е под покровителство на ректорот на полскиот универзитет – проф. д-р Донат Мирзејевски.
Во организација на конференцијата, покрај домаќинот и УАКС, учествуваат и Центарот за истражување и иновација во лингвистичкото образование, Универзитетот „1 Декември 1918“ од Алба Лулиа, Романија и Студентските академски клубови.
Конференцијата е дел од серијата „Меѓународни филолошки конференции во Пила, Полска“, а оваа година темата е „Комуникација – култура – простор – идентитет“.
Како дел од конференцијата, се планира да се одржи и работилница за наставници по англиски јазик, поради што таа, освен за академскиот кадар кој работи во полето на лингвистиката и јазикот, би била корисна и за студентите на втор циклус студии на ФСЈ, кои работат на овие теми.
ФСЈ ќе остварува соработка со овој универзитет во делот на применета лингвистика и англиска филологија.
Официјалната покана за конференцијата „Комуникација – култура – простор – идентитет“ е достапна на следниот линк.
Формата за регистрација за конференцијата „Комуникација – култура – простор – идентитет“ е достапна на следниот линк.