Истражување за Лидерство и вредности на националната култура базирани на моделот на Геерт Хофштеде
Почитувани,
Република Северна Македонија е единствената земја во Европа која ја нема на мапата на студиите за национална култура базирани на моделот на Геерт Хофштеде. (https://www.hofstede-insights.com/product/compare-countries/)
За таа цел, тимот на Универзитетот Американ Колеџ Скопје беше номиниран за овластен истражувач од страна на Центарот за Културни Студии. Спроведувањето на ова истражување ќе отвори можност Македонија да биде на мапата на вклучени земји, со што придoнесуваме за меѓународната видливост на државата и подобрено разбирање на нашата национална култура во однос на културите на земјите во регионот и светот.
Ве покануваме на учество во студијата, и истото е анонимно пред се. Можете во било кој момент да се повлечете од истражувањето. Податоците ќе бидат испратени директно до истражувачот и ниеден испитаник не може да биде идентификуван. Комплетирањето на прашалникот ќе се земе како индикатор на согласност за учество.
Прашалникот е достапен со самото пристапување на линкот: Студија на Лидерство и Вредности