ИТ практикантска работа во ОКТА
СООПШТЕНИЕ
ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со
Универзитет Американ Колеџ Скопје
Услови за аплицирање:
1. Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор
циклус студии.
2. Студентот да биде од некои од следниве смерови: Софтверско инженерство;
Компјутерски мрежи; Управување со информациски системи.
3. Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
4. Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.
Број на практиканти: 1
Времетраење на пракса:
Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во ОКТА АД – Скопје извршувајќи задачи
во Секторот за Информациска технологија, во временски период од 3 месеци, со полно работно
време, почнувајќи од 01.02.2021год.
Обврска на практикантот:
– да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на
официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската
служба.
– континуирано да води дневник за текот на праксата.
– задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.
Обврска на компанијата:
– да му обезбеди ментор на практикантот.
– да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
– да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и
печат од компанијата, заверена со архивски број.
Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат
дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се
направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот
кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 25.01.2021год.