Како да се води бизнис во Германија – предавање од проф. д-р Мајкл Греф
На 20 февруари 2018 година, нашиот истакнат визитинг професор, проф. д-р Мајкл Греф од Универзитетот Вормс во Германија, одржа предавање пред студентите на додипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, со цел да ги запознае подобро со германската култура, традиција и верувања. Ова предавања беше вовед во понатамошната тема, односно, како да се води бизнис во Германија, и на кој начин, преку познавањето на германската култура и економија, студентите можат да имаат конкуретна предност на германскиот пазар на труд. Покрај тоа што студентите уживаа запознавајќи се со интересни факти за оваа напредна европска земја, проф. Греф се погрижи тие навистина да го почуствуваат вистинскиот германски „шмек“, со тоа што ги почести со прекрасно германско чоколадо.