|

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕЛОВНА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИСКИ НАУКИ ПРИ УАКС

Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.

Како дел од Програмата за поттикнување на вработување и развој на млади таленти, Цементарница УСЈЕ објавува 

КОНКУРС

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

на Факултетот за деловна економија и организациски науки, насока МБА или Менаџмент

Универзитет Американ Колеџ Скопје  

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2021 /2022 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки за насоките МБА или Менаџмент.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови:

  1. Да имаат просек од минимум 8 во текот на додипломските студии;
  2. Одлично познавање англиски јазик;
  3. Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.

 

Потребни документи за конкурсот:

  1. 1. Копија од уверение / диплома за завршени додипломски студии и просек;
  2. 2. Потврда за одлично познавање на англиски јазик;
  3. 3. Мотивациско писмо и биографија.

  

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната www.usje.mk на Цементарница УСЈЕ во делот за Кариера, Придружете ни се (https://usje.mk/mk/kariera/pridruzhete-ni-se/)и да ги прикачат потребните документи  почнувајќи од 11.01.2022 година до 18.01.2022 година.

 

  1. Селекција

Селекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат контактирани.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, попречености, сексуална ориентација, религија или убедување.

Similar Posts