Маркетинг студентите на УАКС во посета на Меккен Скопје – приказна за 20 години креативност
На 7 март 2017 година (вторник), студентите од трета година додипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кои следат настава по предметот Маркетинг комуникации со предметниот наставник, вон. проф. д-р Илијана Петровска, беа во посета на рекламната агенција Меккен Скопје.
За време на посетата, студентите следеа интересна и креативна презентација подготвена од г-ца Ива Беловски, новоизбраниот деловен координатор во Меккен Скопје.
Меккен Скопје работи на голем број општествени комуникациски кампањи со реномирани брендови, вклучувајќи ги: Кока Кола, операторот Вип, Скопско, Тиквеш, Би Милк, Мајкрософт, Бекутан, итн. Она што е најзначајно е дека Меккен Скопје е првата рекламна агенција од Македонија која е добитник на наградата „Златен лав“ на Канскиот фестивал.
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница на Меккен Скопје на: http://www.mccann.com.mk/en/