Факултет за деловна економија и организациони науки

Постдипломски студии – Насока – Менаџмент

 

Зошто ФДЕИОН е најдобар Факултет за Бизнис економија во Р. Македонија ?

  • ФДЕИОН при УАКС е единствениот меѓународно акредитиран факултет во Република Македонија
  • ФДЕИОН при УАКС има врвни наставници
  • ФДЕИОН при УАКС употребува најсовремена филозофија во наставата
  • Соодносот студент/професор на ФДЕИОН изнесува 18:1, сооднос кој овозможува индивидуална работа со студентите

 

Нашиот кадар

Факултетот за деловна економија и организациони науки (ФДЕИОН) при УАКС има преку 30 наставници кои се дел од академскиот кадар. Преку синтеза на нивното знаење и експертиза, на студентите им се нуди единствена можност да учат од најдобрите. Студентите на ФДЕИОН се поттикнуваат да размислуваат во насока на разрешување на најразлични проблеми од теоријата и практичната област.

Знаење и искуството на кадарот на ФДЕИОН им овозможува на студентите сеопфатен поглед на професијата и материјата која ја изучуваат. Освен тоа, ФДЕИОН во наставата вклучува и визитинг професори од САД или ЕУ, кои го збогатуваат знаењето на студентите со меѓународно искуство.

 

Кадарот на ФДЕИОН при УАКС го сочинуваат:

  • Академски кадар
  • Наставници по клиничка настава
  • Меѓународни визитинг професори

 

Нашите наставници се истакнати стручњаци. Повеќето од нив се експерти со значителни достигнувања во својата област, кои својата експертиза ја надградиле со академски титули и одлучиле своето знаење да им го пренесат на идните генерации. Дел од академскиот кадар при ФДЕИОН госочинуваат:

Повеќемина наставници на ФДЕИОН своето образование или дел од него го стекнале на високорангирани меѓународни универзитети, и притоа тие применуваат меѓународни стандарди и практики во своето работење.

Шеснаесет од нашите наставници поседуваат сертификат за користење на партиципативните методи (Participant-Centered Learning methods) за време на наставниот процес, и истите потекнуваат од Харвард бизнис-школата (Harvard Business School – HBS).

Горди сме на фактот што дел од наставата на постдипломски студии ја изведуваат наставници по клиничка настава. Повеќемина од нив се главни извршни директори, додека другите се еминентни експерти во соодветната област.

Дел од наставниците по клиничка настава на ФДЕИОН се:

Она што нè прави различни од останатите универзитети во регионот е тоа што ФДЕИОН при УАКС овозможува меѓународно образование по достапна цена на школарина.
Дел од меѓународните визитинг професори на УАКС се:

Не треба да научиме само „ШТО“.Треба да научиме и „КАКО“!

Покрај учење теорија и факти, нашата цел е да го примениме стекнатото знаење и практични те вештини. Покрај предавањата, применуваме најсовремени наставни алатки, како што се:

  • Студии на случај;
  • Толкување улоги;
  • Решавање на практични проблеми;
  • Индивидуални и тимски проекти во реални компании (истражување на пазарот,изготвување на маркетинг план, финансиска анализа, мерење на задоволството на вработените од работното место и др.)
  • Симулации од Харвард бизнис-школата и Македонската берза.

За квалитетот на академскиот кадар на ФДЕИОН сведочат многубројните домашни и меѓународни награди и признанија кои ги имаат добиено нашите наставници.

Дел од нив се:

  • 2015 – Проф. д-р Марјан Бојаџиев и м-р Ема Кастратовиќ присуствуваа на меѓународната годишна конференција на Советот за акредитација на бизнис факултети и програми (ACBSP), во Барселона, Шпанија
  • 2015 – Проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски е добитник на престижната стипендија од Фулбрајт за постдокторско истражување и усовршување на Универзитетот во Аризона, САД
  • 2014 – Проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски е избрана за директор на комитетот за образование на Југоисточна Европа на престижниот Факултет за економија и политички науки од Лондон
  • 2013 – Проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски и проф. д-р Марјан Петрески освоија второ место на светскиот натпревар – Global Development Network, поддржан од Владата на Јапонија
  • 2012 – Проф. д-р Марјан Бојаџиев беше прогласен за „Наставник на годината“ во регион 8 при Советот за акредитација на бизнис факултети и програми (ACBSP– Region 8)
  • 2012 – Д-р Венера Крлиу-Ханџиски беше прогласена за „Бизнис лидер на годината“
  • 2011 – Проф. д-р Томе Неновски ја доби наградата „23 Октомври“ за долгорочен придонес во науката и образованието
  • 2011 – Проф. д-р Марјан Петрески ја доби наградата „Олга Радзинер“ за млад истражувач на годината, која ја доделува Централната банка на Австрија.

Деловниот совет на УАКС го сочинуваат 150 врвни организации од Македонија: банки, телекомуникациски компании, маркетинг агенции, невладини организации, но и бројни успешни мали и средни претпријатија.

Деловниот совет на ФДЕИОН при УАКС овозможува:

  • Усогласување на наставните програми со потребите на реалниот сектор;
  • Гости предавачи;
  • Практична работа за нашите студенти;
  • Советување за кариерни можности и вработување на студентите по нивното дипломирање.

 

 

Наставна програма – Менаџмент

 IV година

 

Задолжителни предмети

  1.  Деловна комуникација
  2. Организациско однесување (напредно ниво)
  3. Методи на истражување во бизнисот
  4. Бизнис етика и корпоративно управување
  5. Управувачко сметководство
  6. Меѓународен менаџмент (напредно ниво)
  7. Изборен предмет во насока
  8. Специјалистички труд и практична работа

 

Изборни предмети

  1. Проектен менаџмент
  2. Лидерство
  3. Операциски менаџмент
  4. Менаџмент на информациски системи

 

V година

 

Задолжителни предмети

  1. Претприемништво (напредно ниво)
  2. Корпоративни финансии (напредно ниво)
  3. Стратешки маркетинг
  4. Стратешки менаџмент
  5. Практични примери во менаџментот
  6. Магистерски труд