ЗА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА:

ИСАД (International school of architecture and design) е Факултет каде што студентите се третират како личности, а не како бројки. Секој студент добива посебно внимание од наставниците за да може да го развива својот талент и да ги надгради своите способности. На ИСАД предавањата и вежбите претставуват сериозна интеракција и дискусија меѓу студентите, професорите и искуството од таa размена е незаменливо. Предавањата се задолжителни, па оттаму студент кој има повеќе од 25% изостаноци, не може успешно да ги реализира задачите и да го совлада предметот.
Наставните програми се дизајнирани според потребите на општеството и стопанството во 21.век. Ние постојано ги адаптираме нашите образовни програми со цел да се задоволат основните барања на студентите. Архитектурата, дизајнот и сродните дисциплини се интегративни професии кои бараат доживотно учење и истражување.

 

 

НАСОКА–АРХИТЕКТУРА

Ако сте студент кој својата иднина ја гледа како креатор на објекти за домување, деловни објекти, објекти за спорт и рекреација, со еден збор креатор на човечкиот животен простор – добродојдовте на ИСАД – насока архитектура.

Тука студентите се здобиваат со знаења, техники и вештини кои им овозможуваат да работат и напредуваат во предизвикувачка  професионална средина.

 

Очекувани знаења кои студентот ќе ги стекне со дипломирање на ИСАД – Насока архитектура.

Студентот ќе ги разбира конструктивните, функционалните и обликовните специфики на градбите што му овозможува соодветно ниво на координација во рамки на архитектонското проектирање. Проектната програма ја разбира како систем на применети знаења во функција на сите изведбени фази. Знае да ги подели проблемите на функционални, конструктивни и обликовни и да одлучува за одредени фази од нивниот дизајн. Ги разбира основните методи за дефинирање на проект. Разбирањето на потребите и идните корисници го проектира врз конечниот производ (дизајн) со што нуди производ на пазарот со вредност.

 

Каде може да ги примени знаењата?

Дипломците ќе имаат можност за работа во:

Архитектонски и проектантски компании, градежни фирми, органи за надзор, органи за државната управа и локална самоуправа, компании за графички дизајн и компании за проектирање и изведба на ентериер.

 

 

АКАДЕМСКИ КАДАР:

 

Предавачи по звање:

м-р. Инџи Селим – дипломиран индустриски дизајнер, докторант на универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје

м-р. Оја Заде Абас – дипломиран архитект

м-р. Ана Велинова – дипломиран архитект, докторант на универзитетот во Загреб

м-р. Максим Наумовски – дипломиран архитект, докторант на универзитетот TU WIEN

м-р. Сашо Блажевски – дипломиран архитект, докторант на универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје

 

Предавачи:

Ракип Амдиу, Бекир Адеми, м-р. Фетах Фетаху, м-р. Валдет Таири, м-р. Јана Спироска, Емир Бедри, Тугај Гулец, Уфук Неби, Зарије Амдиу и Неше Сејадиновска.

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ:

 

ПРВА ГОДИНА

Есенски семестар

Архитектонско проектирање 1

Нацртна геометрија со техничко цртање

Визуелно изразување 1

Организација и менаџмент

Македонски јазик 1

Англиски јазик

Пролетен семестар

Архитектонско проектирање 2

Перспектива

Визуелно изразување 2

Сликање и пластично обликување

Компјутерски апликации

Теорија и историја на архитектура 1

Математика

Македонски јазик 1

Пракса

 

ВТОРА ГОДИНА

Есенски семестар

Архитектонско проектирање 3

Архитектонски конструкции 1

Материјализација на архитектонскиот простор

Теорија и историја на архитектура 2

Компјутерска графика 1

Македонски јазик 2

Пролетен семестар

Архитектонско проектирање 4

Архитектонски конструкции 2

Компјутерска графика 2

Графички дизајн

Теорија и историја на архитектура 3

Македонски јазик 2

Пракса

 

ТРЕТА ГОДИНА

Есенски семестар

Архитектонско проектирање 5

Дизајн на урбана опрема

Детал во архитектура

Теорија на форма

Ентериер 1

Македонски јазик 3

Пролетен семестар

Архитектонско проектирање 6

Проектирање на јавни згради

Основи на урбанизам

Ентериер 2

Македонска архитектура 19-20 век.

Македонски јазик 3

Статут на ИСАД