Министерството за финансии објавува јавен повик за волонтери
Драги студенти,
Министерството за финансии објавува јавен повик за волонтери.
На овој јавен повик право на аплицирање имаат македонски и странски државјани кои се студенти запишани на I или II циклус економски или правни студии или дипломирани студенти по економски или правни студии.
Волонтерската работа ќе се изведува во просториите на Министерството за финансии во времетраење од 6 месеци со полно работно време.
Рокот за доставување на потребните документи утврдени во јавниот повик трае заклучно со 11.11.2022 година.