Мисија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС):

  • УАКС се стреми да обезбеди квалитет во високото образование со комбинирање на најдобрите европски и американски образовни стандарди
  • УАКС нуди образование на македонски и на англиски јазик, на додипломски и постдипломски студии, за македонски студенти и за студенти од странство, подготвувајќи ги за работни позиции во владини, невладини, домашни и меѓународни организации, компании и индустрии.

Работата на УАКС се води според принципите „ТРИ-М“:
– меѓународен наставен кадар
– меѓународни студенти
– меѓународни наставни програми, учебници и наставни помагала

Визија на УАКС:

УАКС се стреми:

  • Да стане лидер во високото образование во регионот
  • Да остане универзитет кој е во прв избор на студентите, професорите и администрацијата како во Република Македонија, така и во регионот
  • Да изгради мрежа за доживотно и континуирано учење

Вредности на УАКС

Ad destinatum persequor!

  • УАКС негува и се залага за професионален и личен напредок на членовите на УАКС, така што тие ќе можат да го поттикнат развојот на студентите за во иднина да создаваат подобри организации.
  • УАКС ги поддржува и им помага на сите оние кои имаат потреба, а крајната цел е да изградиме подобро општество.