Наставник од ФСЈ при УАКС и студенти од ФПН при УАКС учествуваа во проектот за храна и култура на „Глобални партнери во образованието“
Доц. д-р Ивана Трајаноска, наставник на Факултетот за странски јазици при УАКС, заедно со Бони Цветановска и Петар Видиновски, студенти на Факултетот за политички науки при УАКС, учествуваа во проектот за храна и култура на „Глобални партнери во образованието“ (Global Partners in Education – GPE).
Нивните рецепти, приказни и фотографии беа објавени во првото издание на „Приказни и јадења од целиот свет“, кулинарска колекција објавена во чест на одбележување на локалните јадења, заедно со рецептите и приказните поврзани со храна од 11 други земји.
На следниот линк, можете да прочитате интересни рецепти и приказни од Бразил, Чиле, Франција, Јапонија, Киргистан, Македонија, Мексико, Русија, Шпанија, Тајван и САД.