Наставниот кадар на ФДЕИОН присуствуваше на Kонференција за политики на Светска банка во Виена
Наставниот кадар на ФДЕИОН при УАКС, вон. проф. д-р Марјан Петрески (проректор за научно-истражувачка работа и професор на ФДЕИОН) и проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски (декан на ФДЕИОН) учествуваа на конференција за политика на пазарите на труд од Западен Балкан, во организација на канцеларијата на Светската банка и Институтот за меѓународни економски студии од Виена. Конференцијата се одржа во периодот од 4-5 април 2017 година во Виена, Австрија.
Вон. проф. д-р Марјан Петрески одржа презентација на тема „Миграција, дознаки и неактивност“, додека проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски одржа презентација на тема „Создавање на работни места во приватниот сектор: Каде се газелите?“
Конференцијата на политика е прва во низата конференции, во областа на следење и анализирање на пазарот на трудот во регионот на Западен Балкан.