Наставниот кадар на ФДЕИОН при УАКС објави научно-истражувачки труд со импакт фактор

Наставниот кадар на ФДЕИОН при УАКС, проф. д-р Зоран Шапуриќ и доц. д-р Филип Ивановски објавија научно-истражувачки труд со наслов: „Имплементација на легислативата и стандардите за електричен и електронски отпад на Европската унија во Република Македонија“.

Трудот е публикуван во Mеѓународното научно списание за екосистеми и еколошка наука, број 6 (4), стр. 581-587.

Списанието е индексирано во повеќе научни бази: Томсон Ројтерс (Thomson Reuters), Скопус (Scopus), Индекс Коперникус (Index Copernicus), ЕБСКО (EBSCO), ИАРК-Импакт фактор (IARC-Impact Factor), Глобал импакт фактор (Global Impact factor) и ИНФОБАС индекс ИФ (INFOBASE index IF).

Научно-истражувачкиот труд можете да го погледнете на следниот линк

zoran-sapuric1

 

 

Similar Posts