Наставниот кадар на ФКТИ презентираше два научни труда на 14-та годишна конференција за информатика и информатички технологии

Во периодот од 7-9 април 2017 година, во хотелот „Бистра“ во Маврово, се одржа 14-та меѓународна конференција за информатика и информатички технологии, CiiT 2017. Конференцијата ја организираше Факултетот за информатички науки и компјутерско инженество (ФИНКИ) од Скопје.

Дел од наставниот кадар на ФКТИ и студентите на Факулетот присуствуваа на оваа конференција, каде одржаа презентација на два научни труда:

 

  1. Сајбер напади на електричните мрежи – ќе има ли светлина во иднина?, од авторите Гоце Киселоски, м-р Добре Блажевски и вон. проф. д-р Вено Пачовски (г-дин Киселоски работи на својата дипломска работа, под менторство на м-р Добре Блажевски и вон. проф. д-р Вено Пачовски, и овој труд беше дел од неговиот дипломски труд), и
  1. VPN сервер наспроти приватноста на прокси серверот, од авторите Славчо Андреевски, вон. проф. д-р Адријан Божиновски и вон. проф. д-р Билјана Стојчевска.

Презентацијата на двата труда за време на конференцијата привлече особено внимание и иницираше интересни и продолжени дискусии.

 

 

Similar Posts